Фудбал
Може ли Дибала да ја напушти Рома на лето за само 12 милиони евра?

Следното лето Рома би можела да остане без еден од најважните, ако не и најважниот играч оваа сезона, Паоло Дибала, и тоа за „ситно“.
Во актуелниот договор со „Волчицата“ аргентинскиот фудбалер има опција за откупна клаузула која ќе важи во текот на целиот месец јули и ќе изнесува само 12 милиони евра. Таа цена нема да важи за сите клубови, со оглед на тоа што опција да го купат поранешниот играч на Јувентус за 12 мил. Во тој случај само Дибала ќе биде прашан дали сака да си замине или не. Доколку некој од италијанските клубови посегне по Аргентинецот за споменатите пари, ќе одлучи Рома.
Сепак, римскиот клуб сака да ја избегне оваа опција, па на Дибала ќе му понуди нов договор кој нема да ја вклучува оваа опција. Вредноста на Пауло Дибала се проценува на 25 милиони евра, а оваа сезона блеска во Серија А – на 18 натпревари постигна 11 гола и додаде уште шест асистенции.
Минатиот викенд, Аргентинецот беше протагонист на победата на Рома, постигнувајќи три гола во победата на неговиот клуб против Торино.