Connect with us

Други спортови

„Надал е мојот идол, но Ѓоковиќ е најдобар во историјата“

За машкиот тенис и влијанието на големата тројка: Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал зборуваше Дарија Касаткина, која моментално е на 13. место во светот.

Русинката истакнува дека никој не може да се споредува со овие три асови.

„Тројцата се неостварливи“, рече Касаткина.

Меѓу нив, Дарија го има својот миленик.

„Мојот идол е Надал. Го сакам без разлика на резултатите“.

Сепак, нема сомнеж кој е најдобар.

„Гледајќи ги резултатите, Новак Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња. Лудо е да се расправаме за тоа. Се друго е прашање на вкус“, изјави Касаткина.