Connect with us

Фудбал

Најдобриот играч заминува од Звезда: Неговата порака ги воодушеви сите симпатизери на црвено – белите

Крилниот фудбалер на Црвена Звезда, Немања Радоњиќ минатата ноќ помогна овој тим да избори место во групната фаза од Лигата на шампионите.

Звездата одигра нерешено 2:2 на гостување против Ред Бул Салзбург, но овој резултат беше доволен за постигнување голем успех, а тоа беше и последниот натпревар на Радоњиќ за црвено – белите.

Последниот – за сега, бидејќи, како што вели, ќе се вратам кога – тогаш.

“Ќе се вратам во Звездата кога – тогаш”, изјави 22-годишниот Радоњиќ по натпреварот.

Инаку, тој наскоро ќе стане новиот играч на Марсеј, а Звезда од неговата продажба ќе заработи 12 милиони евра.