Connect with us

Фудбал

Најскапиот тренер на светот набргу ќе добие отказ!

Чудниот исход од групната фаза на Азискиот куп во Катар придонесе да гледаме супердерби меѓу Саудиска Арабија и Јужна Кореја во осминафиналето.

Двете азиски сили одиграа фантастичен натпревар, по 120 минути фудбал беше 1:1, а Јужна Кореја победи во пенал серијата со 4:2 и се пласираше во четвртфиналето.

Саудијците во регуларниот дел беа на 60 секунди до победата, но Корејците израмнија во 99. минута и подоцна го елиминираа големиот ривал.

Денеска добиваме бомбастична вест од Блискиот Исток дека позицијата на селекторот на Саудиска Арабија, Роберт Манчини е загрозена.

Наводно, во целата приказна најмал проблем е елиминацијата во осминафиналето, бидејќи Саудијците никако не се задоволни од начинот на кој Италијанецот ја водеше репрезентацијата.

Во пресрет на Азискиот куп пречкрта неколку важни играчи од списокот, поранешните фудбалери го критикуваа поради тоа, а „последната капка“ беше на самиот крај од пенал серијата со Корејците.

Потоа, по вториот промашен пенал на неговиот тим, пред да заврши натпреварот, Манчини замина во соблекувалната.

Се шпекулира дека легендарниот фудбалер и тренер ќе бидат сменети откако во септември ја презеде Саудиска Арабија.

Манчини има договор до крајот на Мундијалот во 2026 година и има загарантирана годишна плата од 30.000.000 евра, што го прави најплатен тренер во светот.

Евентуалниот раскин на договорот би бил историски високо, но нема да биде проблем за богатите Саудијци, доколку навистина решат да му се заблагодарат на Италијанецот.