Connect with us

Фудбал

Навивачите гласаа: Мбапе најдобар играч на Реал Мадрид

Французинот Килијан Мбапе полека ги освојува срцата на навивачите на кралскиот клуб.

Навивачите на Реал Мадрид го избраа Мбапе за најдобар играч на клубот во септември.

Во натпреварувањето имаше пет играчи, 25-годишниот Французин доби повеќе гласови од Даниел Карвахал, Родриго, Едер Милитао и Винисиус Јуниор.

Мбапе минатиот месец одигра пет натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања и постигна шест гола со една асистенција (во победата над Еспањол од 4:1). Тој постигна пет гола во Примера (два против Бетис, по еден против Сосиедад, Еспањол и Алавес) и еден гол во Лигата на шампионите (против Штутгарт).

Килијан Мбапе летово пристигна во Реал Мадрид од Пари Сен Жермен и досега одигра вкупно 11 натпревари во сите натпреварувања и постигна седум голови.