Connect with us

Фудбал

Навивачите на Реал Мадрид сакаат Модриќ да добие Златната топка

Реал Мадрид го победи Легањес со 4:1 на Сантијаго Бернабе во третото коло од шпанската Ла Лига.

Кралскиот клуб лесно дојде до нова победа, а пред почетокот на натпреварот на трибините имаше свечена атмосфера. Играчите на Реал Мадрид ги претставиа наградите кои ги добиа на церемонијата на УЕФА, а во центарот на вниманието беше Лука Модриќ.

Хрватскиот играч беше избран во најдобриот тим за минатата сезона, а круна му е наградата за најдобар играч на Европа. Модриќ беше подобар во конкуренција со Роналдо и Салах, навивачите на Реал Мадрид синоќа ставија јасно до знаење со скандирање дека Хрватот ја заслужува Златната топка.

https://twitter.com/sportsport/status/1036185207429316608