Connect with us

Фудбал

Нејмар проговори за вишокот килограми

Фудбалерот на Ал Хилал, Нејмар, испрати порака во врска со неговиот изглед во последниот настап, што предизвика многу коментари ширум светот.

Бразилецот го привлече вниманието поради вишокот килограми на неодамнешниот роденден на легендарниот Ромарио.

Цел свет го коментираше изгледот на 31-годишниот фудбалер кој од октомври е надвор од терените поради повреда на коленото и нема да се врати до крајот на сезоната.

На Нејмар му пречеа коментарите дека е дебел, па на социјалните мрежи покажа како навистина изгледа неговото тело.

„Прекумерна тежина, добро. Но, дебел? Не би рекол. Ќутете, хејтери! УВерете се или откачете се“, рече Бразилецот.