Фудбал
Нереално: Алварез ги освои сите фудбалски трофеи на 23 години

Фудбалерот на Манчестер Сити, Хулијан Алварез успеа да ги освои сите фудбалски трофеи на само 23 години. Тој во интервју за медиумите истакна дека не планира да ја менува средината бидејќи е задоволен од сегашниот клуб.
Алварез е фудбалер на Манчестер Сити од 2022 година, а со англискиот клуб освои пет трофеи и тоа: Премиер лигата, ФА Купот, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.
Фудбалер кој има само 23 години веќе освои се што треба да се освои. Со Ривер Плата ја освои Копа Либертадорес, а со аргентинската репрезентација стана шампион на Јужна Америка, а потоа и на светот на Мундијалот во Катар.
Оваа сезона тој е еден од најстандардните играчи на Манчестер Сити, во чиј дрес одигра фантастичен натпревар во финалето на Светското клупско првенство на ФИФА.
На тој меч Алварез постигна два гола и забележа една асистенција, помагајќи им на „граѓаните“ уште еднаш да испишат историја.
Поради сето ова, медиумите го преселуваат во гигантите Реал Мадрид и Барселона, но тој тврди дека нема да ја менува средината.
„Единственото нешто што е вистина е дека сум многу среќен во Манчестер Сити. Во клубот сум нешто повеќе од една година. Многу сум среќен за тоа што успеавме да го направиме“, изјави Алварез, а потоа додаде:
„Манчестер Сити многу ми помогна од првиот момент. Многу се подобрив како играч и како личност, па среќен сум во овој клуб. Целта е да продолжиме да победуваме и повторно да се обидеме да ги одбраниме сите трофеи“, заклучи офанзивецот.
Алварез има договор со Манчестер Сити до 30 јуни 2028 година.