Connect with us

Фудбал

Неубедливиот Тотенхем се лизна во Лига купот во 90+2

Фудбалерите на Тотенхем и Брајтон се пласираа во осминафиналето на англискиот Лига куп.

Тотенхем во средата навечер во финишот на дуелот го прегази гостинскиот член на Чемпионшип Ковентри и славеше со 2:1, додека Брајтон со 3:2 го елиминира Вулверхемптон.

„Петлите“ беа на прагот на испаѓање откако Брендон Томас-Асанте ги доведе домашните во водство во 63. минута, но заменетиот Џед Спенс во 88. и Бренан Џонсон во 90+2 направија пресврт и обезбедија продолжување на натпреварувањето за тимот од Лондон.

Брајтон ја потврди добрата форма од шампионатот во второто најсилно куп натпреварување во Англија. Балеба во 14. минута и Адингра во 31. минута обезбедија капитална предност за Брајтон, Гедес на крајот на полувремето намали на 2:1, но Кадиоглу ја отстрани последната дилема околу исходот на натпреварот во 85. минута.

Конечниот резултат во судиското надополнување го постави Дојл.

Во осминафиналето претходно се пласираа Манчестер Јунајтед, Шефилд Венсдеј, Брентфорд, Престон, Саутемптон, Кристал Палас и Стоук.