Connect with us

Фудбал

Нов селектор, нови правила: Енрике ги забрани мобилните телефони

Новиот селектор на националниот тим на Шпанија Луис Енрике, воведе ново правило во однесувањето на фудбалерите на репрезентацијата. Имено, во иднина играчите нема да смеат да ги користат мобилните телефони за време на оброците.

И покрај тоа што се очекуваше оваа новост да наиде на негодување, сепак, кај дел од играчите наиде на одобрување. Особено кај Иско кој го поздрави ваквиот потег на новиот селектор.

– Во последните години станавме зависници на мобилните телефони, и не комуницираме меѓу себе. Затоа го поздравувам овој потег на новиот селектор Енрике да не ги користиме телефоните за време на оброците – изјавил шпанскиот репрезентативец.

Шпанија во моментов се подготвува за натпреварот со Англија во Лондон кој се игра на 8. септември на стадионот „Вембли“.