Фудбал
Нова мака за Баерн – Лерој Сане?!

Фудбалскиот клуб Баерн Минхен изминативе две години минуваше низ бројни турбуленции, а сега нова бура предизвика Лерој Сане.
Баерн по секоја цена сака да го обнови договорот со крилниот напаѓач, но Сане одби да преговара до крајот на Европското првенство кое летово се одржува во Германија.
Сане има бројни понуди на маса, беше контактиран од Ливерпул, неколку пати се шпекулираше дека Клоп во него гледа идеална замена за Мохамед Салах, иако може да игра и на левата страна од теренот.
Сане има договор до јуни 2025 година, па практично, доколку не го продолжи, летото ќе биде последна шанса за Баерн да заработи од неговата продажба.
Не е тајна дека во слична позиција се и Џошуа Кимич и Алфонсо Дејвис, кои исто така одбија да преговараат и да побараат многу поголеми договори отколку што им нуди Баерн за обнова на соработката.
Ова е уште еден во низата докази дека нешто не е во ред во односот соблекувална-менаџмент, само да се потсетиме на клановите кога Џулијан Нагелсман беше неочекувано отпуштен во април 2023 година и дека оттогаш има многу конфликти во Баварија…