Други спортови
Официјално – Иднината на Ферари е врзана за него!

Возачот на Ферари, Шарл Леклер ќе вози за тој италијански тим и по завршувањето на претстојната сезона во Формула 1, бидејќи денеска го продолжи договорот.
Ферари објави дека Леклер ќе остане во тимот и по 2024 година, без да даде дополнителни детали.
Неговиот претходен договор беше до крајот на сезоната 2024 година.
Леклер ја заврши претходната сезона во Формула 1 како петти во генералниот пласман, имаше пет пласмани на подиумот, но остана без ниту една победа.
Од пристигнувањето во Ферари во 2019 година, Леклер има 23 пол позиции, 30 подиуми и пет победи.