Connect with us

Фудбал

Официјално – Нов трансфер, Милан посилен за уште еден играч!

Екипата на Милан комплетираше ново засилување во јануарскиот преоден рок.

По враќањето на Матео Габија од Виљареал и Емил Робак од Норчепинг, во тимот доаѓа Филипо Терачиано од Верона.

Овој фудбалер може да игра како дефанзивец или десен играч за врска, има само 20 години и е платен околу 5 милиони евра со бонуси.

Верона има и 10% од следната продажба.

Денеска дојде во Милан и ги заврши лекарските прегледи, а треба да се истакне дека оваа сезона освен последниот ги одигра речиси сите натпревари на Верона, а на 14 од 18 беше стартер.