Connect with us

Фудбал

Официјално – Пукна „бомба“ во текот на ноќта – Мемфис Депај!

Мемфис Депај од денеска и официјално е нов член на бразилски Коринтијанс!

Откако не доби ниту една примамлива понуда од Европа, реши да прифати од бразилскиот гигант.

Депај потпиша договор до 2026 година и сигурно ќе биде одлично засилување за бразилскиот тим.

Коринтијанс последен пат беше шампион во 2017 година, минува низ тежок период, а моментално е само 17-ти во Серија А и е во зоната за испаѓање.

Депај овојпат пристигна во новиот клуб како слободен играч, бидејќи го раскина договорот со Атлетико Мадрид, исто како и претходно со Барселона, а без обештетување пристигна и од Лион во Каталонија.