Connect with us

Фудбал

Осимен доаѓа на местото на Влаховиќ во Јувентус?

Јувентус сериозно размислува за потписот на Виктор Осимен следното лето.

Нигериецот на почетокот на оваа сезона замина од Наполи во Галатасарај, а медиумите на Апенините веќе шпекулираат за враќање на одличниот напаѓач во Италија.

Како главна причина се наведуваат лошите игри на Душан Влаховиќ. На последните три натпревари во Серија А, Јувентус не постигна ниту еден гол, а како главен виновник се споменува српскиот напаѓач.

Поради актуелната ситуација, челниците на Стара Дама размислуваат да ангажираат шпиц уште во јануари, доколку нешто не се промени.

Осимен играше две сезони во Наполи, а најзаслужен беше што Наполитанците по повеќе од три децении беа шампиони на Италија во сезоната 2022/23.