Connect with us

Фудбал

Пандев стрелец во поразот на Џенова (видео)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го постигна вториот гол за Џенова синоќа на гостувањето кај Сасуоло.


Џенова загуби со 5:3 и покрај тоа што прва дојде во водство.

За Сасуоло ова беше втора победа во трите одиграни рунда од Серија А по што с еискачи на втората позиција на табелата.

Тимот на Пандев има една победа и еден пораз, како и заостанат дуел со Милан.