Connect with us

Тајмаут

Пејџ Спиранац и нејзините часови по голф – Градите речиси излезени, хеланките премногу тесни, а обожавателите бараат уште (ВИДЕО)

Пејџ Спиранац многу брзо стана светски позната. Американката со хрватски корени со своето предизвикувачко облекување дојде до моментот кога многумина ја сметаат за најубава жена на светот.

Спиранац дури пред шест години го одигра својот последен професионален голф турнир, а после тоа реши да се посвети на социјалните мрежи.

Почнала да им дава совети на потенцијалните голфери, а сето тоа го прави многу предизвикувачки облечена, што секако го зголемува бројот на луѓе кои ги гледаат нејзините видеа.

Повторно, Спиранац даваше инструкции за голф, но нејзините следбеници беа најмалку заинтересирани бидејќи сите гледаа во нејзините гради.

Со оглед на тоа како се облекувала, градите за малку и „испаднале“ зад кошулата, а тоа секако го забележале и нејзините обожаватели.

„Пејџ, ти си најубавата жена, најубавиот играч на голф и најубавата инструкторка“, напиша еден од нејзините обожаватели.

Другиот отиде малку подалеку.

„Те молам покажи ми уште еднаш и уште еднаш и уште еднаш“, алудирајќи на сцената што тој би можел да ја гледа.

Извесно е дека Спиранац ќе продолжи со провокативните „лекции“ за голф бидејќи оди многу добро.