Connect with us

Фудбал

Пеколен период за Барса, повредата на Олмо е од посериозна природа

Тешко повреден Дани Олмо!

Иако утрово првично стигна веста дека ќе отсуствува седум дена, се работи за повреда на грбот поради која може да биде надвор од терените и до пет недели!

Барселона преку официјално соопштение потврди дека Олмо ќе биде надвор од терените најмалку еден месец и дека планот е да се врати во втората половина на октомври.

Сепак, ова е голем проблем за Ханси Флик, бидејќи се уште се надвор од терените Гави, Френки де Јонг, но се враќа Ансу Фати, а во следните седум дена би требало и Фермин Лопез.

Олмо сигурно ќе ги пропушти дуелите со Виљареал, Монако, Хетафе, Осасуна, Јанг Бојс и Алавес, а ќе се врати по октомвриската репрезентативна пауза, по 20 октомври кога Барса го пречекува Баерн (23 октомври) и гостува кај Реал Мадрид (27 октомври).