Connect with us

Фудбал

Пеп за Гундоган: „Најлошото издание во последните осум, девет години“

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не се двоумеше јавно да го критикува Илкај Гундоган.

Германецот мораше да ги земе клучевите од средниот ред на Манчестер Сити во отсуство на Родриго и Кевин Де Бруин, но се најде на удар на критичарите по ремито со Њукасл. Меѓу нив беше и самиот Пеп Гвардиола, по победата на Сити над Слован.

„Сега играше на своето препознатливо ниво, на кое сме навикнати. Тоа е поради неговиот победнички и силен менталитет. Во Њукасл играше навистина, навистина лошо, веројатно тоа беше неговото најлошо издание во последните осум, девет години. Но, такви работи се случуваат, таков е ритамот и затоа треба да игра на својата позиција, бидејќи е толку интелигентен, освен што постигна гол“, рече Пеп.

Нема дилема дека Гундоган неочекувано ќе има многу важна улога во остатокот од сезоната по повредата на Родри.