Фудбал
Перез го обвини Интер: Се обидоа да го донесат Модриќ, но не сакаа да платат
Менаџерот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е екстремно лут на раководството на Интер за обидот да го донесе Лука Модриќ.
Нероазурите правеа се за да го доведе хрватскиот фудбалер во своите редови. Дури и 32-годишниот играч од средниот ред бил подготвен за трансфер, но Перез ги одбил сите повици од Џузепе Меаце.
Причината е доста едноставна. Интер се обиде да го доведе Модриќ без да му плати на Реал.
“Тие се обидоа да ја земат нашата десетка, Лука Модриќ и немаа намера да платат”, рече Перез по вчерашната ждрепка од Лигата на шампионите во Монте Карло.
Кралевите, исто така, го тужеа Интер и во ФИФА за малтретирање на играчите и се очекува светската куќа на фудбалот да реагира во овој случај.