Connect with us

Ракомет

Пешевски: Пресуди квалитетот на Франција

Ракометарот на Пелистер Жарко Пешевски беше најдобар играч во македонската репрезентација на дуелот со Франција и воедно најефикасен со седум гола од осум шута.

„Одигравме одлично прво полувреме, но потоа пресуди квалитетот на Франција. Не се предадовме против една велесила и мислам дека одигравме добри 60 минути, кои ќе ни бидат поттик за следните два натпревари. Се надеваме на уште подобри игри понатаму“, изјави Пешевски по мечот.