Connect with us

Фудбал

Планот на Барса за летото 2025 година, еден од овие тројца го заменува Левандовски!

Фудбалскиот клуб Барселона се подготвува за живот без Роберт Левандовски.

Полјакот ќе наполни 37 години во 2025 година, опционално е можно договорот автоматски да му биде продолжен до 2026 година, но и покрај тоа, можно е Барселона да бара адекватна замена.

Каталонски Спорт денеска откри дека Жоан Лапорта фантазира за тројца играчи како потенцијални замени за Левандовски, а првиот е секако Ерлинг Халанд, а потоа следуваат Виктор Џекерес и Бенџамин Шешко.

Норвежанецот долго време беше најголемата желба на Жоан Лапорте, но финансиите на Барса не можат да ги исполнат неговите барања, бидејќи Халанд е меѓу најплатените играчи во светот. Дополнително, дури и да потпише договор со Сити со поприфатлива откупна клаузула, која ќе биде над 120 милиони евра, Барса ќе треба да плати бонуси за потпишување.

Пообјективни цели се – Ѓеќереш и Шешко. Швеѓанецот со унгарско потекло има 26 години, експлодираше откако минатото лето пристигна во Спортинг од Ковентри, оттогаш на 57 натпревари постигна 52 гола со 18 асистенции. Договор на Џекереш е до 2028 година, а сигурно е дека ниту Спортинг нема да го пушти под сумата од 80-90 милиони евра.

И на крај, тука е Шешко, кој и претходно беше поврзуван со Барса. Тој сепак реши да потпише нов договор со Лајпциг и да го чека вистинскиот момент за голем трансфер. Тој има посебна клаузула која ќе се зголемува според неговиот учинок, но нема да ја надмине сумата од 70 милиони евра, која е најприфатлива за Барса. Словенецот има само 21 година и допрва следи најдобриот период во неговата кариера.

Кое е најдоброто решение наместо Роберт Левандовски?