Connect with us

Фудбал

По Чуамени и Камавинга, Реал носи уште еден супер талент од Франција?!

Тешката повреда на Давид Алаба и сигурното заминување на Нац Фернандез ќе го принудат Реал Мадрид на лето да излезе на пазарот и да бара адекватно решение за позицијата стопер.

Сезонава во најголем дел од натпреварите партнер на Антонио Ридигер во срцето на одбраната беше Чуамени, кој е играч од средниот ред, Едер Милитао само што се враќа од повреда, па Реал ќе купи уште еден централен дефанзивец. Како што пренесуваат шпанските медиуми, изборот паднал на младата Лени Жоро од Лил.

Станува збор за еден од најталентираните дефанзивци на планетата, кој сезонава одигра 26 натпревари во Лил во сите натпреварувања и го привлече вниманието кон себе со одличните игри.

Неговиот договор со францускиот клуб истекува во летото 2025 година и тој не сака да го продолжи. Така Реал гледа шанса да го донесе за помалку пари од неговата реална вредност. Се споменува дека „кралскиот“ клуб е подготвен да уплати 60.000.000 евра на сметката на Лил за играч кој штотуку полнолетен.

Мадриѓаните неодамна имаат големо искуство со доведување млади играчи од француската Лига 1, бидејќи направија голем удар и со Чуамени и со Камавинга.

Покрај Жоро, Реал на лето се очекува да го ангажира и Алфонсо Дејвис од Баерн, а познато е и доаѓањето на Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен.