Connect with us

Фудбал

Погба се враќа пред време?

Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба неодамна беше суспендиран на четири години поради користење недозволени супстанци.

Во двата негови примероци беа пронајдени метаболити на тестостерон и во октомври беше суспендиран од Светската антидопинг организација на четири години неиграње фудбал, што практично значи крај на неговата професионална кариера бидејќи моментално има 30 години.

Тој има право на жалба, која ја подготвува заедно со своите адвокати и првото рочиште ќе го има во февруари. Погба работи на совршена одбрана со својот тим адвокати и верува дека ќе го добие овој случај.

Предлогот ќе биде суспензијата од четири години да се намали на шест месеци.