Connect with us

Фудбал

Полицијата го истражува ПСЖ за трансферот на Нејмар во 2017 година

Француската полиција изврши рација во канцелариите на Министерството за финансии, кое се занимава со оданочување, по информациите дека на Пари Сен Жермен му е „доделен“ повластен третман во врска со трансферот на Нејмар.

Извор близок до истрагата за Медиапарт изјави дека претресот на канцелариите во Министерството е дел од поголема истрага.

Полицијата добила информација дека Пари Сен Жермен имал привилегиран статус при трансферот на Нејмар од Барселона во 2017 година.

За ова прашање јавно не се огласи ниту Министерството за финансии и економија, ниту пак Пари Сен Жермен.

Во 2017 година Нејмар пристигна од Барселона за тогаш рекордни 222 милиони евра.