Connect with us

Фудбал

Повикот на Саудиска Арабија го мами и Касемирo

Во Манчестер Јунајтед се подготвуваат сериозни промени, а тоа би требало да значи и заминување на голем број фудбалери. Наводно на тој список се наоѓа и Касемиро кој е интересен за клубови од Саудиска Арабија.

Бразилскиот играч за врска пристигна на Олд Трафорд пред две години како големо засилување. Во првата сезона може да се каже дека беше, со седум гола и асистенции на 53 натпревари. Овие, дел поради повреди, дел поради други работи, учинокот е нешто намален (пет гола и три асистенции на 32 натпревари).

Оценката е дека тешко дека поранешниот голем шампион ќе пружи подобри партии со Реал. Посебно што веќе има 32 години. Но, во Саудиска Арабија таквите стоки се на премија.

Ал Наср меѓу другите наводно е многу заинтересиран за неговите услуги, но тука се и Ал Хилал и Ал Куасиџа. Се споменува дека на сметката на англискиот гигант би можеле да паднат околу 30 милиони евра.