Connect with us

Фудбал

Предавство? Од Реал во Атлетико Мадрид?!

Играчот за врска на Реал Мадрид, Дани Себаљос е незадоволен од својата улога и минутажа, поради што сака да го напушти клубот во летниот преоден рок.

Иако летово потпиша нов договор, минутажата на Себаљос дополнително беше намалена и практично не игра оваа сезона, поради што речиси сигурно нема да оди ниту на ЕП.

Себаљос и претходно се поврзуваше со враќање во Бетис, но сега во игра е и Атлетико Мадрид.

Диего Симеоне планира голема летна ремонт по разочарувачката сезона во сите линии на тимот, а Себаљос е една од целите.

Не би требало да биде скап, бидејќи очигледно е во третиот план на Карло Анчелоти, прашање е само дали Реал ќе сака да го засили градскиот ривал.

Сигурно дека на Себаљос не би му пречело, би останал во главниот град на Шпанија каде е од 2017 година, освен кога две сезони мина на позајмица во Арсенал.

Себаљос пристигна во Реал за само 16,5 милиони евра, откако беше МВП на младинското Европско првенство, но никогаш не стигна во врвната класа, како што се очекуваше тогаш.

Има само 27 години и сигурно може да одигра уште неколку на највисоко ниво.