Connect with us

Фудбал

Пресвртот на Ливерпул во режија на Нуњез, Џонс и Гакпо

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Фулам на „Енфилд“ и по пресврт победија со 2:1 во првиот натпревар од полуфиналето на Лига купот.

Во другото полуфинале, Мидлсброу во вторникот беше подобар од Челзи.

Дуелот беше отворен со шанса за домашните, но Бернд Лено одлично реагираше на полу-киксот на Конор Бредли во осмата минута.

И гостите го водеа патот. Се играше 19. минута кога избраниците на Марко Силва направија добар потег. Андреа Переира упати добра топка во шеснаесетникот, а Вилијан без многу мака ја упати во мрежата.

Двата тима пропуштија неколку шанси, а потоа Ливерпул направи брз пресврт.

Во 68. минута Дарвин Нуњез проигрува покрај Куртис Џонс, кој без двоумење шутира и постигнува гол за израмнување.

Не поминаа ни три минути, а Нуњез се врати во улога на асистент. Овој пат извршител беше Коди Гакпо за пресвртот и победата на црвените.

На крајот избраниците на Јирген Клоп можеа да стигнат до далеку поубедлива победа, но промашија Диого Јота и Нуњез кои имаа четири добри прилики сами да погодат.

Реваншот е закажан за 24 јануари.