Connect with us

Фудбал

Пресвртот на Удинезе за „десетка“ и врвот во Серија А

Екипата на Удинезе победи со 3:2 кај Парма во петтото коло од Серија А.

Гостите стигнаа до точка на славје благодарение на големиот пресврт во вториот дел.

Сцената за шоуто на тимот од Удине ја поставија играчите на Парма, со головите на Енрико дел Прато во втората минута по удар од корнер  и  Анже-Жоан Бони во 43. минута.

На 2:1 зголеми Лоренцо Лука со глава во 49. минута . Израмни Флоријан Товин во 69. минута. На пресвртот му помогна вториот жолт картон на Мандела Кеита во 73. минута.

Тоа брзо го искористи Удинезе, четири минути подоцна Товин го постигна својот втор гол на натпреварот за израмнување на 3:2 и триумф.

Избраниците на Коста Руњаиќ по пет кола е првопласираната екипа во Серија А со десет бода, искористувајќи го нерешениот резултат на Интер со Монца (1:1).

Во следното коло Удинезе и гостува на Рома. Дванаесеттопласираната Парма го пречекува Лече.