Connect with us

Други спортови

Пристигна замената за Надал на Лејвер купот

Со оглед на тоа што Рафаел Надал се повлече од Лејвер купот, на негово место ќе дојде Григор Димитров.

Бугарскиот тенсиер на местото на Шпанецот ќе игра за Тим Европа.

„Многу сум разочаран што морам да споделам со вас дека нема да можам да се натпреварувам во Лејвер купот во Берлин следната недела. Ова е тимско натпреварување и, за вистински да го поддржам тимот на Европа, морам да го направам она што е најдобро за тимот, а во овој момент има и други играчи кои можат да му помогнат на тимот да победи“, изјави Надал.

Димитров ќе им се придружи на Каспер Руд, Стефанос Циципас, Рафаел Надал, Карлос Алкараз, Александар Зверев и Данило Медведев кои ќе ја претставуваат Тим ​​Европа.

Селектор на „Тим Европа“ е петкратниот шампион на Вимблдон и поранешен број еден, Швеѓанецот Бјорн Борг. „Светскиот тим“ ќе го предводи Џон Мекинро.