Connect with us

Други спортови

Проблеми само во третиот сет: Новак преку Американец до втора рунда на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Ролан Гарос откако во понеделникот на теренот „Филип Шатриер“ го совлада Александар Ковачевиќ, американски тенисер со српско потекло со 3-0.

Според сетовите беше 6:3, 6:2, 7:6 (1) по речиси два и пол часа игра во Булоњската шума. Следен противник на 35-годишниот Ѓоковиќ ќе биде Унгарецот Мартон Фучович, кој со 3-1 го совлада Уго Грениер од Франција.

Ѓоковиќ беше брилијантен на овој меч, особено во првите два сета во кои освои нереални 86% од поени на вториот сервис, не дозволувајќи и на Ковачевиќ ниту една брејк топка. Во третиот сет американскиот тенисер одигра поопуштено и подобро, направи еден брејк, но тоа беше се што успеа да направи на овој меч против многу мотивираниот Ѓоковиќ.

Ова беше прв меч меѓу Ѓоковиќ и Ковачевиќ, но двајцата тенисери добро се познаваат – имаа можност да тренираат во минатото.

Мартон Фучовиќ, следниот ривал на Новак, беше во центарот на вниманието на српските медиуми во јануари 2022 година кога јавно проговори дека Новак Ѓоковиќ не е во Австралија затоа што не бил вакциниран против Ковид 19.

Потенцијални ривали на Ѓоковиќ во третото коло би можеле да бидат Алехандро Давидович Фокина и Марко Чекинато, а во четвртото да го чекаат Хуберт Хуркач, Роберто Баутиста-Агут, Давид Гофин…

Ѓоковиќ во Париз се бори за рекордна 23. Грен слем титула, а има можност да се врати на врвот на АТП листата доколку му се поклопат другите резултати.

Рафаел Надал не е во позиција да ја одбрани титулата на Ролан Гарос освоена во 2022 година. Шпанецот поради повреда го пропушта „Купот на мускетари“, првпат по 2004 година.

Ѓоковиќ во досегашната кариера двапати го освои Ролан Гарос – во 2016 и 2021 година.