Connect with us

Други спортови

Промоција на монографија по повод 50 години карате во Македонија

По повод јубилејот 50 години карате во Македонија денеска на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје ќе биде промовирана монографија „Половина век исполнет со успеси“, изработена од Македонската традиционална карате федерација.

Монографијата има 158 страници со 565 фотографии од почетоците на каратето во Македонија од 1967 се до 2017 година.

Автори на монографијата се: проф. Венцислав Недев,  м-р. Дејан Недев и д-р. Аљоша Недев, а рецензенти: д-р. Илија Јорга, д-р. Владимир Јорга, д-р. Аце Миленковски и д-р. Анџелина Јанева.