Connect with us

Кошарка

Првата кошаркарска лига сезонава ќе брои десет екипи

Комисијата за итност при Македонската кошаркарска федерација (МКФ) на денешниот состанок одлучи сезонава во Првата кошаркарска лига да учествуваат десет екипи.

МКФ одлуката ја донесе по непријавувањето на екипата на Водњански Лисици и некомплетната документација на Шкупи, односно немањето уплата за котизација.

– Двете последнопласирани екипи од Плејаут лигата ќе се надигруваат по бараж-систем со двете најдобри екипи од Втората лига мажи за опстанок односно влез во Првата лига мажи за сезоната што следува односно 2019/2020. На натпреварите од баражот не е дозволен настап на странски играчи, соопштија од МКФ.

Воедно е донесена одлука за намалување на висината на казната за техничките грешки, но и воведување на казна во форма на суспензија на играч или тренер со одреден број на натпревари.