Connect with us

Фудбал

Првото засилување на ПСЖ е репрезентативецот на Русија

Голманот на Краснодар и на руската фудбалска репрезентација, Матвеј Сафонов пристигна во Париз на лекарски преглед, пред да потпише за Пари Сен Жермен.

Клубовите го договорија трансферот на 25-годишниот голман. Договорот ќе трае пет години, а Краснодар ќе заработи 20.000.000 евра обештетување.

Во сезоната која заврши викендот, Сафонов одигра 30 натпревари за Краснодар во руската Премиер лига, во кои ја задржа 11 мрежата.

Во последното коло неговиот клуб го совлада Динамо од Москва со резултат 1:0 и го освои второто место, зад Зенит и пред Динамо.

Сафонов во неделата беше прогласен за најдобар голман во сезоната 2023/24. во Русија.

За Краснодар настапува од јануари 2019 година.

Се очекува Сафонов да биде втор голман на францускиот шампион, бидејќи Донарума е незаменлив, но и да има шанса да брани во текот на сезоната, како што тоа го правеше претходно Кејлор Навас.