Фудбал
Првото зимско засилување, враќањето на детето на Милан!

Милан денеска на позајмица го врати Матео Габија од Виљареал.
На почетокот на сезоната Габија замина на позајмица во шпанскиот клуб до крајот на 2023/2024 година.
„Милан соопштува дека претходно го раскинал договорот со Виљареал на позајмица на Матео Габија. Фудбалерот денеска се враќа во првиот тим “, се вели во соопштението на Милан.
24-годишниот италијански одбранбен играч оваа сезона за Виљареал одигра 13 натпревари во сите натпреварувања.
Милан е трет на табелата со девет бода помалку од лидерот Интер, а во досегашниот дел од Серија А има примено 20 гола.
Ни требаше добар одбранбен играч, солиден играч кој се истакнува на теренот “, изјави техничкиот директор на Милан Џефри Монкада.