Connect with us

Други спортови

ПСЖ славеше против Нант

Синоќа во рамките на второто коло на француското првенство беше одиграно дербито помеѓу ПСЖ и Нант.

Можеби и очекувано победа оствари тимот на ПСЖ и тоа со 32-29.

Гостите одлично се држеа, посебно во првото полувреме, каде не допуштија ПСЖ да се одлепи, па на одмор двата тима заминаа со резултат од 18-16 за домашните.

Во второто полувреме ПСЖ отиде на плус шест, па не му допуштија на Нант да се врати во игра.

Најдобар во домашнот тим беше Сигурдсон кој постигна шест голови, додека на второ место беше Мине со пет постигнати голови.

Извор: Нетпрес