Connect with us

Фудбал

Рафиња играч на месецот Ла Лига

Фудбалерот на Барселона Рафиња е избран за најдобар играч на Ла Лига за месец август.

Оваа информација Ла Лига ја објави преку социјалните мрежи. Барселона ги доби сите четири натпревари во август, додека Рафиња ја играше секоја минута.

Минатото коло Рафиња постигна хет-трик во победата на Барселона над Ваљадолид од 7-0.

Тој забележа и две асистенции, против Рајо Ваљекано за голот на Педри и против Ваљадолид за голот на Феран Торес.

Барселона е на првото место во Ла Лига со четири бода повеќе од второпласираниот Реал Мадрид.

Рафиња (27) дојде во Барселона од Лидс во 2022 година, а од тогаш за шпанскиот клуб одигра 91 натпревар и постигна 23 гола.