Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид? Пристигна одговорот на Мбапе!

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе се уште не се договорил за трансфер во Реал Мадрид.

Иако во неделата вечерта се појавија информации дека Мбапе договорил трансфер со „кралскиот“ клуб, тие околу него денеска ја демантираа таа информација.

Доверливото Радио Монте Карло контактирало со претставниците на Мбапе и добило јасен одговор.

„Немаме договор со еден клуб. Килијан Мбапе сака да ја донесе одлуката што е најдобра за него и тоа нема да го направи под притисок од никого“, откри Радио Монте Карло.

Истиот извор открива дека ниту во Пари Сен Жермен никој не знае ништо за договорот со Реал и дека клубот прв ќе дознае кога Мбапе ќе ги извести за своите намери.

Англиските медиуми ова го искористија за да го преселат во Премиер лигата, но прашање е дали такво нешто е реално.

Каталонските медиуми повремено се надеваа дека трансферот во Реал може да пропадне, но Барселона не може да се мери финансиски, дури и ако Французинот е слободен од 30 јуни.