Connect with us

Фудбал

Реал против Сосиедад без ударната тројка

Фудбалерите на Реал Мадрид за викендот гостуваат во Реал Сосиедад, а Карло Анчелоти има нови кадровски проблеми.

Уште во август се повредија Џуд Белингем и Едуардо Камавинга, кои на теренот ќе се вратат за неколку недели, а сега надвор од терените е и Чуамени.

Французинот заработи полесна повреда за време на репрезентативната пауза, наскоро ќе се врати на терените, но нема да биде подготвен за гостувањето во Сан Себастијан.

Тоа значи дека Карло Анчелоти ќе мора да се потпре на Лука Модриќ, Федерико Валверде и Дани Себаљос или Арда Ѓулер во средниот ред.

Натпреварот Реал Сосиедад – Реал Мадрид е закажан за в сабота од 21 часот.