Фудбал
Редсите подобро да не го прочитаат она што го кажа Нејмар
Нејмар оваа сезона ќе игра во групната фаза од Лигата на шампионите заедно со Ливерпул, Наполи и Црвена Ѕвезда.
Така, бразилскиот напаѓач ги коментираше тимовите кои ќе играат против ПСЖ во Лигата на шампионите, а потоа ги шокираа навивачите на Редс, кога зборуваше за нивните шанси во Лигата на шампионите.
“Многу е тешко да се каже, но мислам дека Манчестер Сити ќе биде шампион во Англија, втор ќе биде Јунајтед, трет Челзи и четврт Тотенхем”, рече Нејмар.
Сите кои го следеа почетокот на Премиер Лигата веруваат дека Ливерпул ќе биде барем меѓу првите четири екипи во Англија, но Нејмар размислува поинаку.
Избраниците на Јирген Клопе имаат можност да му покажат на Нејмар и останатите кои мислат како него, дека грешат.