Фудбал
Регилон се врати во Тотенхем како позајмен од Јунајтед

Фудбалерот на Тотенхем, Серхио Регилон се врати во лондонскиот клуб од Манчестер Јунајтед на позајмица.
Шпанскиот лев бек му се приклучи на Јунајтед на позајмица до крајот на сезоната во август, но клубот од „Олд Трафорд“ искористи клаузула во договорот за предвреме да го врати во Тотенхем.
🚨 Official: Sergio Reguilón is returning to Spurs after Man United activated the break clause in the loan agreement. pic.twitter.com/a5IvbxcL0I
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 4, 2024
„Со помалку натпревари во вториот дел од сезоната и враќање на играчите кои беа повредени, ќе има помалку можности со Серхио. Одлучено е дека е во најдобар интерес на сите Регилон да се врати во Тотенхем“, се вели во соопштението на Манчестер Јунајтед.
Регилон беше доведен како замена за повредените Лук Шо и Тајрел Маласија, а за Јунајтед одигра 12 натпревари во сите натпреварувања.
Шо се опорави, а Маласија е блиску до враќање на терените. Манчестер Јунајтед беше елиминиран од Лигата на шампионите и Лига Купот, па тимот нема да има толку тежок распоред како што се очекуваше.