Connect with us

Тајмаут

Репрезентативецот на Саудиска Арабија е на интензивна нега по пад од балкон

Фахад Ал-Мувалад, фудбалер на репрезентацијата на Саудиска Арабија и Ал Шабаб, е на одделот за интензивна нега во болницата Рашид во Дубаи.

Причината бил пад од балконот на вториот кат од неговата куќа, а сето тоа се случило во четвртокот наутро.

Тој се здобил со неколку скршеници и брзо бил пренесен во болница.

Станува збор за долгогодишен репрезентативец кој дебитираше во 2012 година, беше во Русија на Светското првенство, но не играше во Катар поради допинг скандал.

Извори од Саудиска Арабија наведуваат дека полицијата во моментов ги прегледува снимките од куќата за да ја открие причината за несреќата, а се наведува и дека сите негови пријатели ја напуштиле куќата три часа пред несреќата.