Фудбал
Ристовски: Лига на Нации е шанса која треба да се искористи
Македонската фудбалска репрезентација утре против Гибралтар ги почнува натпреварите од Лига на Нации. Дефанзивецот Стефан Ристовски во новото натпреварување гледа убава шанса која мора да се искористи.
– Лигата на Нации е нова шанса за сите нас. Се подготвуваме долго време, веќе неколку години сме заедно во репрезентацијата и одлично се познаваме. Денешниот фудбал не дозволува опуштање, фаворити сме против Гибралтар, но мораме тоа да го потврдиме на натпреварот. Не бегаме од фаворитската улога и ќе го покажеме тоа на теренот. Голем дел од нашите репрезентативци играат во одлични клубови, стандардни се во своите екипи и се надевам дека тоа ќе го пренесеме и низ натпреварите во Лига на Нации, изјави Ристовски за веб страната на ФФМ.
По гостувањето во Гибралтар, македонските репрезентативци се враќаат во Скопје каде на 9 септември ја пречекуваат Ерменија.