Connect with us

Фудбал

Рома и Феенорд ја одбија Суперлигата на Лапорта

По новите обвинувања од еден од основачите на Суперлигата и прв човек на Барселона, Жоан Лапорта, дека многу клубови пристапиле кон проектот, имаше деманти од одредени европски гиганти.

Според првиот човек на клубот од Каталонија, на списокот на сигурни учесници се Интер, Милан, Наполи, Рома, Олимпик Марсеј, Бенфика, Порто, Спортинг, Ајакс, Феенорд, ПСВ, Андерлехт, Бриж и сите екипи од Шпанија освен Атлетико Мадрид, но…

Рома прва се огласи и ги демантираше тврдењата на претседателот на Барселона за наводно приклучување во новото натпреварување:

„Како што беше објавено јавно неколку часа по одлуката на Европскиот суд на правдата за случајот Суперлига, АС Рома повторува дека не поддржува ниту еден проект.

Клубот, исто така, наведува дека никогаш не го променил својот став по ова прашање, ниту пак влегол во какви било дискусии за одење на друг начин освен клубовите кои работат заедно преку ЕЦА во силно партнерство и соработка со УЕФА и ФИФА“, се вели во соопштението на клубот од Рим.

Недолго потоа се огласи и актуелниот шампион на Холандија, Феенорд, кој ги демантираше зборовите на Лапорта:

„Феенорд е многу изненаден од изјавите на странските медиуми за тоа како клубот прифатил да настапи во т.н. Суперлига. Тоа е тотална невистина“, се вели во соопштението на клубот од Ротердам.

Претходно англиските клубови одбиваа да учествуваат во споменатото натпреварување, додека засега сигурни учесници се само Барселона и Реал Мадрид.