Connect with us

Фудбал

Рома остана без директор

Фудбалскиот клуб Рома и генералниот директор Тиаго Пинто постигнаа договор за раскин на договорот.

Пинто ќе го напушти римскиот клуб на 3 февруари, потврдувајќи ги гласините дека новиот сопственик Ден Фридкин сака да донесе нов менаџер бидејќи не бил задоволен од оној што го нашол во клубот.

„Би сакале да му се заблагодариме на Тиаго за неговата неуморна работа и придонес за целата организација од првиот ден во сите наши тимови. Работата ќе ја заврши на крајот од зимскиот преоден рок. Процесот на потрага по нов спортски директор е во тек и се надеваме дека ќе објавиме соопштение во наредните недели“, изјавија Ден и Рајан Фридкин во заедничката изјава.