Connect with us

Фудбал

Роналдињо: Нема дилема за мене, Меси е најдобриот

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо открил кој е најдобриот играч во светот за него.

“Тоа е прашање на вкус”, одговори Роналдињо на прашањето Роналдо или Меси, и продолжи:

“Никогаш не сум гледал фудбал сите 90 минути, гледам убави моменти, голови, тоа е она што го сметам фудбал. Понекогаш ви оди добро, понекогаш не, но тоа е фудбалот”, изјави поранешниот фудбалер на Барселона.

Потоа сепак кажа дека Меси е најдобар.

“Тој е најдобар во историјата, без сомнение. Никој не го направи тоа што го направи Меси. Се надевам дека ќе игра уште 20 години, оние кои го сакаат фудбалот сакаат што подолго да трае. Мислам дека никој нема да биде во можност да биде десетка во Барса откако тој ќе замине”, рече бразилецот.

“За мене тоа не е прашање за тоа кој е поцелосен, тоа е прашање на вкус, повеќе ми се допаѓа стилот на Меси, тој има се. Јас сакам таков фудбал, а некој можеби не”, рече тој.