Connect with us

Фудбал

Роналдо поради инфекција надвор од теренот

Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо ќе го пропушти натпреварот од првото коло од Западната конференција на азиската Лига на шампиони против Ал Шорт поради вирусна инфекција.

 

Во соопштението на саудискиот клуб се наведува дека Роналдо не се чувствува добро поради вирусна инфекција, поради што не ни отпатувал за Ирак.

Клупскиот лекар потврди дека португалскиот фудбалер треба да мирува.

Натпреварот меѓу Ал Шорт и Ал Наср се игра вечерва од 18 часот во Карбала.