Фудбал
Роналдо прави чуда: Aкциите на Јувентус достигна рекордна вредност
Вредноста на акциите на Јувентус почна драстично да расте, откако Кристијано Роналдо пристигна во клубот од Торино ова лето.
Покрај огромното засилување на Старата дама, Роналдо ја зајакна маркетиншката моќ на Јувентус, па логично е дека вредноста на акциите на Јуве постојано се зголемува од неговото доаѓање.
Јувентус денес постигна нов рекорд. Имено, вчера вредноста на акциите на Старата дама се зголеми за 3,55%, па сега изнесува 1,343 евра.
Пристигнувањето на Роналдо му овозможи на Јувентус да достигне до рекордно високо ниво од зголемување на 1.3247 евра, во однос на вредност од јануари 2002 година.
Акциите на Јувентус беа во вредност од 0,6190 евра на почетокот на јуни, па затоа е јасно колку трансферот на Роналдо од Реал Мадрид во Јуве ова лето влијаеше на нивната вредност.