Connect with us

Фудбал

Роналдо пред Кејн, Мбапе, на Халанд му треба хет-трик за да го престигне!

Португалецот е најдобар стрелец во 2023 година!

Кристијано Роналдо синоќа постигна два гола во победата на Ал Наср над Ал Итихад и моментално е најдобар стрелец во светот за календарската година!

Во 2023 година, играјќи за Ал Наср и Португалија, Роналдо ги прескокна Хари Кејн и Килијан Мбапе, исто како и Ерлинг Халанд.

Вака изгледа листата на најдобри стрелци во оваа календарска година:

Кристијано Роналдо 53
Хари Кејн 52
Килијан Мбапе 52
Ерлинг Халанд 50

Сепак, треба да се истакне дека не е невозможно Халанд вечерва да игра против Евертон, но му треба хет-трик за да се израмни со Кристијано Роналдо.