Connect with us

Фудбал

Роналдо загрижен – Побара дополнително осигурување од Јувентус

Кристијано Роналдо, еден од најпознатите спортисти во светот, секако, има причина да биде загрижени за својата безбедност и безбедноста на неговото семејства и имот, па и поради фактот што поседува огромно богатство.

Сепак, неговата загриженост во врска со ова прашање пораснала од неговото доаѓање во Торино. „Correre di Torino“ известува дека Роналдо сега е многу загрижен поради тоа што неговата вила во Торино е премногу изложена.

Затоа, наводно, Роналдо побара од Јувентус да му обезбеди тројца телохранители. Еден за неговото семејство и еден кој постојано ќе ја гледа неговата вила, додека третиот ќе биде во придружба на Роналдо каде и да се движи.

Се претпоставува дека одлуката на локалните власти за неговиот деби натпревар во Серија А против Киево на стадионот Бентегоди да вклучат антитерористичка единица, го поттикна Роналдо да размисли подигање на неговото лично осигурување во Италија на повисоко ниво.